Како да се препознае говорот на омраза? Какви мерки да се преземат за да се спречи ширењето и последиците од него?
Како да се зајакнат механизмите кои ќе ја помогнат борбата против говорот на омраза ?
За овие прашања денеска разговараа членките на Мрежата за борба против говорот на омраза во медиумите и на интернет со професорката Елена Михајлова Стратилати од Правниот факултет при Уноверзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје.
Советот за етика во медиумите на Македонија, со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, организираше работилницата со наслов „Препознавање и одговор на говорот на омраза“ во рамките на глобалната акција „Денови на медиумска писменост“.