Во организација на Младинскиот образовен центар а во соработка со Клубот за младински прашања и политики, во Собранието на Република Северна Македонија на 29 октомври во рамки на Деновите за медиумска писменост 2024 се одржа панел-дискусија на тема „Медиумската писменост кај младите“
Во фокус на дискусијата беше медиумската писменост кај младите и нејзината моментална состојба, со акцент на развојот на критичкото размислување и поддршката на неформалното образование.
Посебно внимание се посвети на инклузивноста во медиумите, особено за младите со оштетен вид и слух, како и на улогата на политичките подмладоци во обликувањето на медиумскиот простор.
Дискусијата беше дел од проектот на УСАИД „Младите размислуваат“, имплементиран од ИРЕКС во соработка со МОФ.