Изложбата ќе биде отворена на 1 ноември 2022 во 19:30 часот во „Европска куќа“ во Скопје / Europe House Skopje, и ќе биде достапна за посетителите во следните три месеци.
Преку мултимедијални техники и алатки, посетителите ќе можат да дознаат повеќе за погрешните информации, за улогата на интернет-корисниците во нивното ширење, како и за бизнис-моделите, дизајнерските тактики и корисничките навики што создаваат поволна средина за нивно пренесување.