На 28.10.2022 (петок), во 17 часот, Совет за етика во медиумите на Македонија ќе одржи онлајн јавна седница на Комисијата за жалби, во рамки на одбележувањето на ДМП, на која ќе се разгледуваат тековни жалби примени во Советот за етика во медиумите на Македонија.
Комисијата за жалби ги разгледува сите пристигнати жалби поврзани со кршење на професионалните и етичките стандарди во пишаните (печат и новински агенции), електронските (ТВ и радио) и во интернет медиумите во Македонија.
Седницата може да се следи преку следниот линк: shorturl.at/ajmIK
Советот за етика во медиумите на Македонија е саморегулаторно тело чиј механизам за саморегулација се донесените одлуки и мислења на Комисијата за жалби. Преку унапредување на етичката рамка се придонесува кон почитување на професионалните стандарди во објавените медиумски содржини и се промовира јавниот интерес како императив на кој новинарите треба да му служат.