ЗАВРШИ СТУДЕНТСКАТА ШКОЛА ЗА МЕДИУМСКА И ИНФОРМАЦИСКА ПИСМЕНОСТ НА УНЕСКО
Седумнаесет студенти од Македонија и Албанија учествуваа на студентската школа за медиумска и информациска писменост…
Мрежата за медиумска писменост во периодот од 24-31 октомври ги организираше „Деновите на медиумска писменост 2023“, со кои прослави мал јубилеј, 5-то издание на најзначајниот национален настан за мобилизирање на граѓаните, образовните установи, граѓанските организации, медиумите и државните институции и за подигнување на свеста за важноста на медиумската и информациската писменост.
„Деновите на медиумска писменост 2023“ се одржаа под мотото: „БРЗ ПРСТ, ЛАЖНИ ВЕСТИ НОСИ“, со голем број разновидни настани, преку кои Мрежата даде свој придонес кон одбележувањето на Глобалната недела на медиумска и информациска писменост во организација на Алијансата за медиумска и информациска писменост на УНЕСКО. Оваа година темата на ДМП беше: „Медиумска писменост во дигиталните простори“ и, како и обично, беше произлезена од темата на Глобалната недела.
Свои активности за време на ДМП 2023 организираа повеќе членки на Мрежата за медиумска писменост: Фондацијата Метаморфозис, Македонскиот институт за медиуми, Институтот за комуникациски студии, Здружението на новинари, Советот за етика во медиумите, Институтот РЕСИС, Младинскиот образовен форум и Радио МОФ, Проектот на УСАИД „Младите размислуваат“ што го раководи ИРЕКС и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Паралелно со програмата на настани, Јавниот радиодифузен сервис МРТ ги збогати своите програмски содржини со повеќе емисии посветени на темата медиумска писменост и зачестено ги емитуваше најавите за одржувањето на манифестацијата. Новинската агенција МИА, исто така, ја презеде улогата на медиумски поддржувач на манифестацијата со серија прилози за настаните, а информации објавуваа и онлајн медиумите portalb.mk, vistinomer.mk и meta.mk. Поддршка при организирањето на некои од настаните дадоа Делегацијата на Европската Унија и Претседателскиот центар за политичко образование.
Видео и аудио спотот за најавата на Деновите на медиумска писменост 2023 се достапни на следните линкови:
Аудио спот – Денови на медиумска писменост 2023
ТВ спот – Денови на медиумска писменост 2023
Седумнаесет студенти од Македонија и Албанија учествуваа на студентската школа за медиумска и информациска писменост…
Во понеделник, 31 октомври 2023 во 13 часот, во просториите на Агенцијата за аудио и…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Европската федерација на новинари (ЕФН) и Иницијатива за Европска…
Најновата анкета на ЕВРОМЕТАР покажува дека над половина од граѓаните за политички теми најчесто се…
Мрежата за медиумска писменост оваа година одбележува пет години од своето постоење, и по тој…
Средношколци од повеќе училишта денеска имат можност да дојдат, влезат и ѕирнат во редакцијата на…
Институтот за комуникациски студии (ИКС) во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) организираше…
Медиумската писменост е интелектуална слобода, истакна проф. д-р Марјан Танушевски од Битола, новинар на МИА,…
Жалбите што денеска, на јавна седница, ги разгледуваше Комисијата за жалби при Советот за етика…
На онлајн дебатата која се одржа во рамки на Деновите на медиумската писменост, граѓанските организации кои…
Во следните два месеци во „Europe House“ Скопје, сите заинтересирани посетители ќе може да ја…
Во рамки на Деновите на медиумска писменост 2023, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги…
Петтите по ред Денови на медиумска писменост (2023) ќе започнат со Конференцијата „Медиумска писменост во…
Радио МОФ во склоп на Деновите на медиумска писменост 2023 организира Отворен ден, кој ќе…
Дигиталниот живот носи нови навики за информирање, комуницирање, себепретставување и социјализирање. Тоа се секојдневието кое…
Бизнис Академија Смилевски-БАС, континуирано седум години, во рамки на наставниот предмет „Односи со јавност“ со…
На 25 октомври, Институтот РЕСИС (www.resis.mk) ќе одржи онлајн дебата на тема „Медиумите на заедницата…
Дезинформациите и кризите се во меѓузависна врска, а проблемот е што луѓето денес се соочени…
Универзитетското радио УКЛО ФМ-Битола, радио на Универзитетот ,,Св.Климент Охридски“ – Битола, кое е дел од…