🟢 Во ова време во кое сме преплавени од разни дезинформации, гласини или манипулативни содржини, особено од новите медиуми и социјалните мрежи, медиумската писменост е од суштинско значење.
🔵 Медиумите неспорно влијаат врз начинот на кој размислуваме и донесуваме одлуки, а развивањето на способноста на децата да станат паметни корисници на медиумските содржини, да ја развијат способноста за критичко размислување и да ги градат и изразуваат своите идеи и мислења врз основа на факти и докази е од клучно значење за нивниот развој во критички настроени и активни граѓани на демократското општество.
🟣 Краткиот прирачник за родители за медиумската писменост беше изработен од Институтот за истражување на општествениот развој РЕСИС.