Во фокусот на „Младинска медиумска писменост“се младите луѓе чија свест за медиумска писменост е непостоечка или на ниско ниво, но имаат интерес да земат учество во квалитетно споделување на нивните ставови и идеи, како и да известуваат за настани и случувања чија крајна цел е да предизвикаат општествена промена.
Проектот „Младинска медиумска писменост“ ќе овозможи три викенд обуки за 60 млади од Скопје, Велес и Тетово и една обука за граѓански организации кои ќе резултираат со продукција на едукативни содржини за слобода на изразување кај младите од маргинализираните заедници, без разлика на пол, етникум, социјален статус и сексуален и родов идентитет. По реализацијата на обуките, учесниците низ процес на менторство ќе работат на креирање на медиумски производи.
Линкови
http://www.nms.org.mk/mk/neevest-povik-za-uchestvo-na-rabotilnici-za-mediumska-pismenost/
http://www.medium.edu.mk/inicijativi-vesti/489-mladinska-mediumska-pismenost-vo-skopje
http://medium.edu.mk/inicijativi-vesti/487-video-mladinska-mediumska-pismenost-vo-veles
http://www.mladi.mk/kategorii/obrazovanie/neevest-povik-za-uchestvo-na-rabotilnici-za-mediumska-pismenost/
https://www.youtube.com/watch?v=RBTCQnCPATI