Панел-дискусијата „Преку медиумската писменост образуваме млади генерации без предрасуди и стереотипи“ ќе се одржи на 26 октомври (среда), во хотел „Холидеј ин” во Скопје со почеток во 11:00 ч.
Како панелисти се поканети наставници, професори, претставници на граѓански организации и новинари, кои ќе дискутираат за медиумската писменост како еден од механизмите за справување со стереотипите и предрасудите меѓу младите во општеството. Настанот е дел од Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“