На 19 ноември во Основното училиште „Петар Поп Арсов“ од Скопје во организација на Институтот за комуникациски студии се одржа работилница за медиумска писменост „Дали е трик или го заслужува мојот клик?“, наменета за ученици од петто одделение.
Петтооделенците од ООУ „Петар Поп Арсов“ покажаа дека критички размислуваат и знаат да препознаат што навистина вреди за клик, а што е само трик!
На работилницата во рамките на Деновите на медиумска писменост 2025, учениците имаа можност да слушнат за тоа што се медиуми, како се разликуваат новинарите од инфлуенсерите, што е факт, а што мислење, и како да препознаеме кога содржината е трик… а кога навистина го заслужува нашиот клик!
Преку примери, квизови и заедничка дискусија, учениците покажаа дека знаат одлично да препознаат вистинска информација од манипулација.






