Македонската Телевизија, во континуитет, дава свој придонес за унапредување на медиумската писменост кај децата, младите и кај возрасните. Во рамки на ДМП 2022, од 25.10. до 01.11., ќе бидат емитувани едукативни емисии:
– серијалот ВОЛШЕБНИКОТ И ТЕКНУВАЛКА
(премиерно, секој работен ден во 11.15 ч.),
– серијалот МЛАДИ ЗА МЛАДИ
(во вторник и во среда во 12.00 ч.),
– контактно-училишната програма ЅВОН
(секој работен ден во 10.30 ч.)
– серијалот МЕДИАТЕКА
(секој работен ден и во сабота во 12.20 ч).
Покрај нив, ќе може да ја проследите и дебатата во рамките на емисијата ОБЈЕКТИВ (20.50 ч.) на 27.10. на тема „Медиумска писменост кај лицата со попреченост“.
Соговорници на уредничката на емисијата Марија Башеска Стојановска се:
– Емилија Петреска Камењарова – помошничка раководителка на Секторот за програмски работи во АВМУ,
– Елена Кочоска – претставничка од Движењето против хендикеп „Полио плус“ и
– Сузана Стојановска – мајка на дете со попреченост и згрижувач на дете со попреченост.