Во рамки на Проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“ кој го спроведува Фондацијата „Метаморфозис“ во партнерство со „Евротинк“, изработена е специјална веб страница, преку која се укажува за примарните извори и разните типови на дезинформации поврзани со пандемијата на новиот корона-вирус Ковид-19.
До оваа страница може да се пристапи преку линкот https://crithink.mk/dezinformaczii-i-manipulaczii-za-noviot-korona-virus-kovid-19/, како и преку социјалните мрежи Фејсбук и Твитер. Намената на оваа страница е да посочи кон изворите на верификувани информации од јавен интерес и да ги документира различните видови дезинформации како форма на едукација за граѓаните кои преку информираност ќе може да станат поотпорни на манипулации и паника. Збирката секојдневно се ажурира со нови примери.