Имајќи ја предвид тековната изборна кампања за Предвремените парламентарни избори 2020, за потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во рамки на проектот ЈУФРЕКС, на македонски јазик е преведена публикацијата „Дезинформации и изборни кампањи“.
Публикацијата содржи преглед на состојбата со дезинформациите од технички и од политички аспект, препораки и мерки за справување со нив. Проектот е дел од „Хоризонталната програма за Западен Балкан и Турција II“ на Европската Унија и Советот на Европа.