На 27 октомври 2016г. се одржа конференцијата „Медиумската писменост како предуслов за активно граѓанство“, на која беше претставен извештајот од истражувањето „Медиумската писменост во Македонија: алката што недостасува за активно граѓанство“. Настанот беше организиран од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности во медиумите од Лондон и со дневниот весник „Нова Македонија“, а беше поддржан од Европската Унија. Повеќе информации за публикацијата, за конференцијата и за други активности и информации на Високата школа во врска со медиумската писменост на: http://www.medium.edu.mk/