Македонскиот институт за медиумите продуцираше седум видео и три радио спотови во рамки на кампањата за унапредување на медиумската писменост. Целта на кампањата е граѓаните да научат критички да ги гледаат, анализираат и проценуваат пораките коишто доаѓаат од различни медиуми, со цел подобро да се информираат и поангажирано да учествуваат во општествените процеси.
Главен лик во кампањата е доктор Драган, експерт – манипулатор, кој преку претставување на најчестите техники за манипулирање што може да ги користат медиумите, се обидува да ја поттикне публиката да ги анализира, препознава и деконструира евентуалните манипулации во медиумските содржини.
Кампањата е продуцирана во рамки на проектот „ReForMedia – Унапредување на соработката меѓу граѓанското општество, институциите и граѓаните за спроведување реформи во медиумската сфера“, што го спроведува Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Мировниот институт од Љубљана, Словенија. Проектот е финансиран од Европската Унија.
Видео и радио спотовите се достапни на: