Со дводневна Конференција се заокружија Деновите на медиумска писменост 2019
Во организација на Мрежата за медиумска писменост на 14 и 15 ноември 2019 година се одржа Конференцијата „Денови на медиумска писменост 2019“, која е завршен настан од истоимената манифестација што започна на 22 октомври.
Како што истакна директорот на Агенцијата Зоран Трајчевски на отворањето на Конференцијата, изминатите четири седмици, реализирани се бројни заеднички активности со дел од членките на Мрежата за медиумска писменост, меѓу кои, работилници со над 300 ученици од основните и средните училишта, работилници и средби со претставници на организации на жени и пензионери, отворени денови за посета на АВМУ и други институции меѓу кои и претседателот на државата Стево Пендаровски, посета на медиуми. Одржани се повеќе дебати, панел дискусии, вебинари, како и доделување на наградата „Роберто Беличанец“. Прочитај повеќе…