Какво влијание имаат социјалните мрежи врз животот на младите? Како да се сочува менталното здравје во дигиталната ера? Како влијае медиумската писменост врз процесот на рационално користење на социјалните мрежи?
На дел од овие прашања беше ставен фокусот во новиот подкаст на радио МОФ, каде водителката и новинарка Симона Паскоска зборуваше со инфлуенсерката Александра Трпеска и психологот Верица Бакулеска.
Со овој подкаст, Радио МОФ се приклучи на Деновите на медиумска писменост 2024, организирани од Мрежата за медиумска писменост.
Поткастот може да се погледне на линкот: https://fb.watch/vEeyOXZWoR/