Како новиот проект „Младите размислуваат“ би помогнал во внесување на медиумската писменост во наставните програми и би се едуцирале млади од прво одделение, па се до студентите на универзитетите? Потребни ли се дополнителни обуки за наставниците во образованиот систем? Што бараат младите, какви вештини им се потребни за поефективно медиумско описменување и критичка опсервација на различните медиумски пораки? Овие прашања беа во фокус на новата дискусија „На Час“ во организација на РАДИО МОФ, каде за медиумска писменост во формалното образование зборуваа со:
– Михајло Лахтов, директор на Проектот на УСАИД „Младите размислуваат“
– Тамара Ќупева, научна соработничка во Институтот за македонска литература и долгогодишна
професорка во средно училиште
– Лука Павиќевиќ, претседател на Сојузот на средношколци
Дебатата беше реализирана во рами на Деновите на медиумска писменост 2021, а емитувана на 26 ноември.
Погледнете го видеото и дознајте повеќе.