Заштитата на слободата на изразување и правото на информации, во време на справување со дезинформации, лажни или погрешни информации, говор на омраза и теории на заговор, бара сеопфатен пристап. Ова е причината зошто УНЕСКО, водечката агенција на ОН за промоција и заштита на слободата на изразување и правото на информации, ги објавува Насоките за управување со дигитални платформи. Насоките посочуваат на збир должности, обврски и улоги за државите, дигиталните платформи, меѓувладините организации, граѓанското општество, медиумите, академската заедница, техничката заедница и други чинители, за да овозможат средина каде што слободата на изразување и информации се дел од сржта на процесите за управување со дигитални платформи и се креирани низ консултации со повеќе чинители при што беа прибрани повеќе од 10.000 коментари од 134 земји.
Целта на овие Насоки е да го чуваат правото на слобода на изразување, вклучително и пристапот до информации и другите човекови права во управувањето со дигиталните платформи, додека истовремено се справува со содржината, која може да биде ограничена, со дозвола, според меѓународното право и стандарди за човекови права. Во поширока смисла, управувањето со дигитални платформи засновано врз човековите права, дополнително ќе ја унапредува културната разновидност, изразувањето на културите и различната културна содржина. Насоките прикажуваат систем за управување што ги почитува човековите права и промовира справување со ризици и системски базирани процеси за модерирање и управување со содржината.
Насокитe за управување со дигитални платформи се достапни на линкот