Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) изработија Насоки за безбедно и професионално известување за коронавирусот (COVID-19) (кои на англиски јазик се достапни на: https://znm.org.mk/wp-content/uploads/2020/03/Guidelines-for-safe-and-professional-reporting-on-coronavirus-COVID-19.pdf). Насоките за професионално, одговорно и етичко известување за коронавирусот се подготвени во рамки на заложбите да се поттикне значајната улога на медиумите во правилно разбирање на појавата на коронавирусот, последиците од неа и начините на ефективна превенција. Насоките се засноваат на препораките на меѓународни организации, како што се Poynter, First Draft, Journalist’s Resource, Open Notebook, Reframe, Светската здравствена организација (СЗО), искусни новинари, научници и експерти.
Покрај ова, целта на Насоките е да понудат и основни информации за заштита на новинарите и на медиумските работници при извршувањето на нивните работни обврски на терен и во редакциите и студијата, пред сè, да се самозаштитат, но и да ги заштитат останатите околу нив, за време на извршувањето на своите работни обврски. Овие Насоки беа поздравени од УНЕСКО (https://en.unesco.org/news/unesco-welcomes-press-councils-call-professional-reporting-covid-19-south-east-europe)