Одржана дебата на ИКС „ Младите во фокус: Странското мешање и манипулирање со информации“
На 21 ноември, во организација на Институтот за комуникациски студии се одржа дебатата „ Младите во фокус: Странското мешање и манипулирање со информации“ наменета за студентите од Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје. На средбата се дискутираше за тоа како странското влијание, нерегулираниот онлајн простор, анонимните профили и непроверените извори ја обликуваат јавната перцепција кај младите…




