Во рамки на Деновите на медиумска писменост 2023, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за своите вработени ќе ја одржи работилницата „Од радиодифузија до интернет – патот кон модерна регулација на медиумите“.
Работилницата ќе ја држи др. Мајке Исенберг од регулаторот за медиуми на Северна Рајна Вестфалија, која ќе ги сподели знаења и искуства во овој домен стекнати од процесот кој веќе го поминале.
Меѓу останатото на работилницата ќе стане збор за основните вредности на медиумската регулатива во дигиталниот свет (на пр. неутралност на државата, заштита на малолетници и на корисници, човеково достоинство, плуралност на медиумите), преразгледување на начинот на размислување како регулатори: справување со говор на омраза и дезинформации во дигиталниот простор, прашања во врска со регистрацијата (за услуги по барање – правни лица и инфлуенсери) или лиценцирање (за линеарни услуги), обврски за услугите по барање и за линеарните услуги итн.