Советот за етика во медиумите во јуни 2022 година објави НАСОКИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД КОРУПЦИЈА И ПРОМОВИРАЊЕ НА ЕТИКАТА ВО МЕДИУМИТЕ.
Целта на овој Прирачник, пред сè, наменет за медиумските работници и новинари, е да
ја подигне свеста за ризиците од корупција во медиумите (печатените и електронските)
како и давање на соодветни препораки за нивно намалување, како и препораки за
зајакнување на улогата на медиумите во борбата против корупцијата.