Дигиталниот живот носи нови навики за информирање, комуницирање, себепретставување и социјализирање. Тоа се секојдневието кое го живееме, сега и тука. Социјалните мрежи и онлајн медиумите од една страна, овозможуваат средина што поттикнува раст и напредок, но истовремено носат и предизвици и нус-појави од брзата дигитализација и лесните форми на комуникација.
Оттука, Радио МОФ преку подкаст ќе се фокусира на темата „Медиумската писменост во дигиталниот простор“, каде гостин ќе биде Дејан Георгиевски од Центарот за развој на медиуми, со кој ќе има дискусија за новите видови медиуми, но и потребите и одговорностите на нивните корисници.
Со оваа содржина Радио МОФ се приклучува на Деновите на медиумска писменост. Подкастот ќе се емитува на 26 октомври во 12:30 часот преку Фејсбук-страницата на Радио МОФ.