Скопје, 21.10.2022 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на 25 октомври 2022 година (вторник) со почеток во 11 часот, ќе одржи прес – конференција, на која директорот д-р Зоран Трајчевски ќе ги отвори Деновите на медиумска писменост 2022 година.
Во периодот од 25 октомври до 1 ноември под мотото „Размислувај критички, состави ја целата приказна“ во организација на АВМУ и Мрежата за медиумска писменост ќе се одржат низа настани (онлајн и/или во живо) и ќе бидат емитувани посебни медиумски содржини и филмска програма, преку кои ќе се отворат повеќе аспекти на различностите во медиумите.
Прес – конференцијата ќе се одржи во просториите на Агенцијата – втори кат.