Скопје 18.11.2025 – Во организација на Здружението на новинари на Македонија на 19 ноември ќе се одржи настан посветен на безбедноста на новинарите насловен „Заштитата на медиумските работници – на терен и во онлајн сферата“.
Настанот има за цел да отвори стручна и јавна дискусија за тоа како навремено да се препознаат и спречат ваквите ризици, кои се механизмите за заштита и поддршка на новинарите, и какви се искуствата досега во справувањето со вакви случаи. Преку размена на практики и препораки, ќе се обидеме да придонесеме кон создавање побезбедна средина – онлајн и офлајн – во која новинарите ќе можат да ја вршат својата работа без страв и притисок.
Настанот ќе се одржи во Х. Стоун Бриџ во период од 13:00 – 15:30 часот.






