Во рамки на проектот за медиумска писменост „YouThink“ (УСАИД), а во организација на ИКС и ИРЕКС, на 3 и 4 февруари 2022 година ќе биде одржан Меѓународниот симпозиум за критичко размислување и медиумска писменост. Настанот ќе биде одржан виртуелно, на платофрмата Zoom.
На симпозиумот ќе се дискутираат теми поврзани со образованието за медиумска писменост на универзитетите во Македонија, споредено со останатите земји од Западен Балкан, ЕУ и САД, а ќе се дискутираат и најновите меѓународни трендови во наставата поврзана со медиумската писменост.
Во рамки на симпозиумот, ИКС ги повикува сите заинтересирани автори да поднесат научни апстракти со фокус на теми поврзани со медиумска и информациска писменост, медиумско образование, критичко размислување, дигитални медиуми и нови трендови во сродните области. Избраните автори ќе бидат поканети да изработат целосен труд кој ќе биде објавен во меѓународно научно списание кое ИКС ќе го објавува на годишно ниво.
Повеќе информации на линкот: https://iks.edu.mk/novosti/iks-i-ireks-najavuvaat-megjunaroden-simpozium-za-mediumska-pismenost-i-kritichko-razmisluvanje/