ИКС го претставува првото издание на КАИРОС, меѓународното научно списание за медиуми и комуникации.
КАИРОС е меѓународно научно списание со отворен пристап и форум за размена на знаења и идеи помеѓу членови на академската заедница, истражувачи, експерти, студенти и други стручни лица од областа на медиумите и комуникациите.
Списанието ќе биде посветено на актуелните прашања и на идните трендови и случувања во медиумските и во комуникациските студии, медиумското образование, како и на нивните социолошки, психолошки, политички, јазични и технолошки аспекти.
Освен овие области, добредојдени се и други текстови кои нудат нови перспективи и решенија што се релевантни за медиумите, комуникациите, образованието, стратешкиот менаџмент и бизнисот. И тие ќе бидат земени предвид за објавување во идните изданија на КАИРОС.
Сите текстови подлежат на “double blind” рецензија од страна на членови на меѓународниот уредувачки одбор на КАИРОС преку што авторите имаат поддршка да ги прилагодат своите текстови на најдобрите академски и истражувачки стандарди.
Списанието е објавено како дел од проектот на УСАИД за медиумска писменост YouThink. Станува збор за петгодишна програма финансирана од УСАИД, која работи со младите за да им помогне да се движат и да обликуваат информативен екосистем што информира и ангажира наместо да дели и да поларизира. Проектот го спроведуваат ИРЕКС, Македонскиот институт за медиуми, Институтот за комуникациски студии и Младинскиот образовен форум.
Преземи го првото издание на КАИРОС