Универзитетското радио УКЛО ФМ-Битола, радио на Универзитетот ,,Св.Климент Охридски“ – Битола, кое е дел од Мрежата за медиумска писменост, и оваа година изданието на радиоемисијата за деца ,,Слушнете неее!“ емитувано на 12 октомври 2023 година го посвети на медиумската писменост.
Радиоемисијата ,,Слушнете неее!“ е наменета за децата, тинејџерите и младите возрасни. Има едукативен, информативен и забавен карактер, а има за цел да се чуе гласот и ставот на децата за различни прашања. Водителка на емисијата е Ноела Нечкоска, десетгодишна ученичка во Основното училиште ,,Елпида Караманди“ во Битола, која материјалот го подготвува со нејзината мама Рената, професор на Економскиот факултет во Прилеп, единица на УКЛО.
Во оваа епизода, гостува и Дарија Чекинато од Италија, која е практикантка на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Низ разговорот, соговорничките зборуваат на разни теми за кои споделуваат сопствено искуство и видување, пребаруваат низ веродостојни ресурси, како енциклопедии и ревидирани книги. Водителката користи и Google Assistant и Siri за да долови како младите генерации ја користат технологијата.
Се дискутира различниот контекст во различните држави, јазици и социо-економски средини за да се долови аспектот на состојбите кои навидум се исти, но имаат различни решенија и пристапи во различни контексти.
Радиоемисијата може да ја слушнете на следниот линк:
https://www.youtube.com/watch?v=feG6nwYUzA0&list=PLuGD39XFPX9F5koAkd8g7wbKp_yV_JO54&index=3