„Ученици од Македонија, Хрватска и Литванија собираа средства преку тивка аукција на фотографии со филантропски пораки “

 

Скопје, 7-ми мај, 2018 – Во петокот (4-ти мај) во Иновацискиот Центар-Телеком се одржа СТРЕТ Гала настанот за прибирање на средства преку тивка аукција на фотографии. Посетителите се наддаваа за ученичките фотографии од Скопје, Ријека и Радвилишкис кои беа дел од кампањата „Добрината е насекаде околу нас, треба само да ја препознаеме“. Вкупната сума која се оствари од продажбата е во висина од 11 200 денари. Собраните средства  учениците самостојно ќе одлучат како ќе ги донираат или реупотребат, применувајќи ги притоа принципите  на одржливост и стратешко донирање за кои учеа во претходните фази од проектот. Проектот „Ученици денес-одговорни претпримачи утре“ го координира Здружението за социјални иновации „АРНО“, и се спроведува во Македонија, Хрватска, Литванија и Белгија  во рамки на програмата Еразмус + со поддшрка од Европската Комисија.

На настанот со свои приказни на филантропија и општествена одговорност се претставија и „Вистински дела на љубезност“ , „Охридска банка“, „Лице в лице“, „Храна за сите“ кои говореаа за нивниот придонес кон правењето добро за општеството. Еко-магионичарот Кристиан Шопов преку трикови и илузии ја едицираше и забавуваше публиката и им пренесе за младите дека за успешен „зелен бизнис“ понекогаш е потребна само добра идеја, оригиналност и добри намери.

„Изминатите две години ние работевме со младите од трите земји, зборувавме за социјалното претприемништво, улогата на приватниот сектор, образованието…Она што ние го научивме е дека на младите безусловно им се потребни современите  вештини, но и пошироки погледи кон нештата. Така, нудејќи им ги сите концепти на (одговорно, социјално, етичко) претприемништво, новите бизнис модели, вистински примери,  ние сепак дојдовме до тоа дека НЗС за се, појдовна и крајна точка е филантропијата, односно желбата да се помогне на другиот.“ изјави Ирина Јаневска од АРНО, организацијата координатор на проектот.

Со свој поздравен говор на настанот се обрати и Дејан Златковски, од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност кој нагласи дека:

„ Проектот обработува тема со изразена европска димензија и се соочува со предизвици од клучно значење за нашиот образовен систем, а тоа е „Како да создадеме подобри претприемачи, и уште повеќе како тие истите да бидат одговорни претприемачи?“. Искрено веруваме дека резултатите овој проект ќе влијаат на подобрувањето на политиките во рамките на зацртаните стратегии и дека ќе придонесе за креирањето на нови поквалитетни наставни програми, а врз база на европските искуства.“

Фотографиите кои беа на продажба  можат да се погледнат на фејсбук страницата на проектот. Сликите од настанот можат да се погледнат овде.  

На самиот настан неколку учесници ги споделија и своите импресии:

Луција Бистрировиќ  (Хрватска,ученичка) за своето искуство вели: „ Отсекогаш сакав да им помогнам на луѓето и проектот ми даде можност да научам како. Покрај тоа, се сретнав прекрасни луѓе од Македонија и Литванија, научив за социјално претприемништво и корпоративната социјална одговорност, вежбав  јавно говорење, давав интервјуа на радио и на ТВ , а исто така стекнав вештини за  работа под притисок. Навистина се надевам дека ќе го користам ова знаење во мојот иден професионален живот.“

Татјана Голчева (Македонија, професорка) сподели:  „Сметам дека овој проект е многу корисен за оваа млада генерација и иако искрено припаѓам на, да речеме, средовечното население, јас лично стекнав големи познавања за социјалното претприемништво. Среќена сум за моите ученици и партнери, и се надевам дека придонесуваме за  подобра иднина не само во областа на бизнисот и парите, туку и во добротворните цели, човечки односи и социјалното претприемништво.“

Лука (Македонија, ученик) „ Многу ми се допаѓа овој проект бидејќи научив како да работам во тим, да ги почитувам другите и да зборувам во јавност. Исто така, запознав нови луѓе од други земји.“

Ваида Јанкуниене (Литванија, професорка) истакна дека „Нашето училиште учествува во повеќе меѓународни проекти. STRET проектот беше нешто ново за нас бидејќи многу малку знаевме за социјалното претприемништво и социјалните претпријатија. Денес можеме да објасниме што е тоа.  Учениците научија многу нови и корисни работи. Преку проектот  тие стекнаа поголема самодоверба, а самите активности придонесоа кон креирање на  позитивно, креативно, критичко размислување.“