21.02.2019г. – Во рамки на проектот „Тема за дилема“ кој го спроведува здружение Ганимед од Битола, во изминатиот период беа снимени 7 промотивни видеа, преку кои се промовира медиумската писменост и критичкото размислување.
Видеата се од едукативен и забавен карактер, а како актери се појавуваат средношколци од седум средни општински училишта во Битола. Во наредниот период видеата ќе бидат прикажувани на програмата на националната телевизија ТВ21, која е и медиумски парнер во овој проект.
Промотивните видеа треба да придонесат да се подигне свеста за медиумска писменост и критичко размислување како кај младите така и кај општата јавност.
Видеата може да ги погледнете на следните линкови: