На 13 и 14 ноември 2018 година, Македонскиот институт за медиуми организираше студиска посета за претставници од Македонската мрежа за медиумска писменост на Ирската мрежа за медиумска писменост во Даблин, Република Ирска.
На студиската посета учествуваа претставници од Министерството за образование, Бирото за развој на образованието, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Првиот програмски сервис на Македонската радио-телевизија, МИМ, Институтот за комуникациски студии, како и од граѓанските организации „Метаморфозис“ и „Конеду глобал“.
Публикацијата со препораки за интегрирање на концептот на медиумската писменост во различни општествени сфери (прикачена во прилог) е резултат на информациите, искуствата и знаењата што беа стекнати во текот на посетата во Ирска, како и на предлозите на учесниците на студиската посета на состанокот одржан во МИМ.