Во рамките на ДМП 2022, на 28.10.2022 г. беше одржана јавна седница на Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија, на која се разгледуваа сите пристигнати жалби поврзани со кршење на професионалните и етичките стандарди во пишаните (печат и новински агенции), електронските (ТВ и радио) и во интернет медиумите во Македонија. Седницата беше одржана онлајн и отворена за јавноста, со цел да биде одговорно, транспарентно, донесувањето на одлуките во рамки на Комисијата за жалби. Краток пресек од овој настан, може да проследите во видеото подолу.