По четврти пат, Високата школа за новинарство и за односи со јавноста го организираше Медиумскиот ден за средношколците од Македонија. Вкупно осум медиуми: дневниот весник Нова Македонија, МРТ1 Промо, TV21, TERA TV (Битола) и ТВ Плус (Куманово), ТВ Вис Струмица, Makfax и Радио МОФ беа домаќини на над 130 ученици од Скопје, Дебар, Валандово, Богданци, Кавардарци, Велес, Битола, Куманово, Св. Николе. Учениците можеа од своите домаќини новинари да дознаат повеќе детали за функционирањето на различни информативни редакции и медиуми, да дискутираат за новинарската професија, но и да дознаат повеќе за професионалните новинарски стандарди.