Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуски услуги направи и адаптирана македонска верзија на спотот „Каде е Клаус?“ на германската организација klicksafe.de, чиј превод го направија вработени од Агенцијата, додека нахсинхронизацијата и титлувањето го реализираше ТВ Сител. Целта е уште еднаш да се сврти вниманието на родителите кон фактот дека во РМ постои софтвер, кој можат да го искористат за ефикасна контрола врз Интернет – содржините до кои пристапува нивното дете. Спотот „Каде е Горан?“ може да се преземе на следниот линк: