Во рамки на проектот „Тема за дилема“, а како дел од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумкса умешност – КритТинк“, од 5 до 9 ноември 2018 година, за првпат со голем број активности во Битола, беше одбележана недела на медиумска писменост. Главниот акцент на овој проект реализиран од здружението Ганимед од Битола заедно со медиумскиот партнер ТВ 21, беше ставен на слободата на медиумите, слободата на изразување и медиумската умешност како критичко мислење кај младите.
Проектот започна со работилници за средношколците, продолжи со квиз натпревар, а за време на медиумкста недела беше распишан и конкурс на тема „Медиумска писменост и критичко размислување“, во две категори: постер со најдобар слоган и постер со најдобар цитат.