Скопје 18.11.2025 – На 19 ноември во рамки на Деновите на медиумска писменост 2025 во организација на Фондација Метармофозис ќе се одржи промоција на извештајот „Овозможувачи и поттикнувачи на странско мешање и манипулирање со информации за време на изборите во Северна Македонија“.
На настанот повеќе институции и организации ќе дискутираат и за прашањето дали може да се спречи странско манипулирање со информации и мешање во изборите во земјава.
Настанот ќе се одржи во Х. Холидеј Ин, со почеток во 10:00 часот.






