Скопје, 17 ноември 2025 – На 18 ноември во рамки на Деновите на медиумска писменост 2025, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги организира работилница насловена „Европски мастер по справување со дезинформации“, на која ќе говори холандскиот експерт Оно Хансен – Сташињски (од организациjaта ДРОГ и проектот Сауфекс).
Целта на работилницата е да им даде поддршка на професионалците во справувањето со предизвиците кои ги создава постојано променливата природа на онлајн дезинформациите. На крајот на работилницата ќе има и презентација на Квиз за медиумска писменост подготвен од поранешниот претседател на Советот на Агенцијата, г. Лазо Петрушевски.
Настанот ќе се одржи во период од 10:00 до 13:00, во просториите на Агенцијата – конференциска сала на вториот кат.






