Скопје, 17 ноември 2025 – Во организација на Делегација на Европска унија, денеска во почеток во 9:00 часот во Скопје ќе се одржи Конференција за медиумска писменост ЕУ-Западен балкан.
Конференцијата е носечки регионален настан на Европската служба за надворешно дејствување во областа на медиумската писменост, а оваа година конференцијата во Скопје го означува и почетокот на Деновите на медиумска писменост кои ќе траат од 17 до 24 ноември 2025 година.






