Моделот „медиумската писменост како активно граѓанство“ ИКС го претстави на дебатата за средношколци и „Зошто граѓанска наука во образованието?“ што го организираше невладината организација Еко Логик на 27 септември во Клубот на новинари на Македонија. Тема на дискусијата беше каква е корелацијата меѓу граѓанската наука и еко активизмот и какви се знаењата и практиките од различните истражувања што ги спроведуваат еко-здруженијата во земјава. Своите истражувачки искуства ги споделија биолозите на Наталија од Македонското еколошко друготво и Дарко од Еко-свест, кои истакнаа како може да се искористат податоците за различни граѓански иницијативи кои тие ги прибираат во нивните истражувања.
Александра Теменугова од ИКС го презентираше моделот за активно граѓанство како највисока форма на медиумската писменост за вклучување во општествените процеси. Таа ги пренесе клучните насоки за примена на овој модел, достапни и преку Водичот за обучувачи за развивање вештини за медиумска писменост, наменет за наставници, обучувачи, граѓански организации и поединци.
На настанот, средношколски тимови од пет училишта во Скопје (СОУ „Владо Тасевски“, СОУ: „Орце Николов“, СОУ: „Марија Кири Склодовска“, СОУ „Панче Арсовски“ и СЕПУ „Васил А. Дрен“) ги презентираа своите проектни активности од областа на екологијата, заштита на животната средина и безбедноста во сообраќајот.
Водичот е објавен на македонски, албански и англиски јазик.