На 30 октомври, Младински образовен форум организираше дебата на која учествуваше амбасадорката на САД, Анџела П. Агелер, која се сретна со младите артивисти и дебатери, членови на нашите младински клубови во Неготино.
Амбасадорката имаше можност да ги види изработените фанзини – визуелни изрази полни со креативни идеи и моќни пораки поврзани со потребите на младите во Неготино.
По повод „Денови на медиумската писменост 2024“, младите дебатери споделија свои размислувања поврзани со важноста на медиумската писменост и критичкото размислување. Преку интерактивна дискусија со амбасадорката, тие разговараа за начините на спречување на ширењето на дезинформации и потребата младите да бидат информирани и критички да размислуваат во дигиталното општество.
Средбата беше инспиративна можност за размена на идеи, креативен активизам и дискусија на значајни теми кои ги засегаат младите.
МОФ изрази искрена благодарност до амбасадорката Агелер и Амбасадата на САД за поддршката и посветеноста во унапредување на вештините и можностите за младите во нашата заедница.