Во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на 31 октомври се одржи работилница на тема „Вештачка интелигенција: можности и ризици“. Работилницата беше наменета за новинари, уредници и медиумски професионалци.
На настанот говореа Верена Шнајдер и Фрегор Шмалцрид, експерти од Сојузна Република Германија кои потенцираа дека вештачката интелигенција станува сè поважна со зголемената дигитализација на сите области од животот, а нејзиниот потенцијал нуди огромни можности и значајни предизвици, но и отвора бројни етички прашања. Беа споделени и примери за користењето на апликацијата „ChatGPT“ која што создава текстови и слики многу слични на она што човекот може да го напише или наслика.
Работилницата беше во организација на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во рамки на Твининг проектот „Зајакнување на капацитетите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Јавниот сервис„ во соработка со Сојузна Република Германија.