Во период од 12:30 до 14:30 часот во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на 31 октомври ќе се одржи работилница на тема „Вештачка интелигенција: можности и ризици“.
Работилницата е наменета за медиумски професионалци и е организирана од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во рамки на Твининг проектот „Зајакнување на капацитетите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Јавниот сервис„ во соработка со Сојузна Република Германија.