Онлајн живот
Што е видео ?
Ангажирана публика
АВМУ под лупа
За свесноста – мак
За свесноста – алб
Авантура во медиумската писменост – мак
Авантура во медиумската писменост – алб
Насоки за користење на видео материјалите
Видео спотовите се покажуваат како исклучително корисно средство за пренесување знаење. Затоа, на ова ДВД се поместени повеќе спотови изработени/прилагодени од различни субјекти. И во овие насоки, и на обвивката на ДВД-то, се наоѓаат знаци за тоа за која возраст се препорачува секој од спотовите, тргнувајќи од специфичноста на изразите што се употребуваат и концептите што се објаснуваат.
Спотовите „Авантура низ медиумската писменост“ и „За свесноста: Што правам јас?“ се однесуваат за авантурата на момчето Јове низ медиумската писменост, а се изработени од Европската асоцијација за интересите на гледачите (ЕАВИ). Нив на македонски ги преведе Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, а говорниот дел беше снимен со несебична поддршка на Антена 5 Радио. Овие спотови на албански јазик се преведени од старана на Конеду глобал и Метаморфозис со финансиска поддршка на Британската амбасада. Станува збор за анимирани видеа кои се препорачуваат се целата публика за штоја објаснуваат медиумската писменост на јазик и начин кои се лесно разбирливи и за најмалите.
Високата школа за новинарство и за односи со јавноста продуцираше серија од пет спотови во рамките на проектот „Коалиција за медиумска писменост“, што го реализира во соработка со Институтот за различности во медиумите од Лондон и весникот „Нова Македонија“, и со поддршка на Европската Унија. Во нив, младата ју-тјуберка Изабела Пан, во улога на Медиана, на симпатичен начин објаснува пет различни сегменти на медиумската писменост („Медиумска писменост“, „Онлан живот“, „Точни и проверени информации“, „Вест“ и „Ангажирана публика“. Се препорачуваат за деца над 12 годни поради повисокото ниво на објаснување на поимите важни за медиумската писменост.
Спотот „АВМУ под лупа“, говори за работата на Агенцијата и нејзината одговорност пред граѓаните, а е изработен во рамките на проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите – PROformance Watch“ кој, со финансиска поддршка од Британската амбасада, го спроведуваат Евротинк – Центар за европски стратегии, НВО Инфоцентар, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права. Се препорачува за деца над 12 години поради специфичноста на самиот концепт на регулација на медиумите.