Во рамките на Деновите на медиумска писменост за децата и младите 2021, на 30 ноември, беше одржана презентацијата на акциското истражување: „Ранливите групи во јавната сфера“, во организација на Институтот за истражување на општествениот развој – РЕСИС. Дополнително, во рамки на настанот беше претставен Прирачникот за медиумска писменост за родители.
Во рамки на дискусијата потоа, граѓанските организации кои работат со различни ранливи групи, се осврнаа на своите искуства и гледишта поврзани со заштитата на децата и развивањето на нивната свест за критичко восприемање на содржините што ги среќаваат онлајн.
Како родителите и наставниците да се справат со влијанието на медиумите врз децата и младите? На што треба да им обрнат внимание уште во најрана возраст? Погледнете го видеото и дознајте повеќе.
Линк од видеото на македонски јазик: