На 25 октомври, Институтот РЕСИС (www.resis.mk) ќе одржи онлајн дебата на тема „Медиумите на заедницата и плуралистичката демократија“ на која ќе ги презентира наодите од истражувањето кое го спроведе минатата година „Комуникациски потреби на лицата со попреченост од Источниот и Југоисточниот регион“, дел од проектот „Поттикнување на граѓанскиот ангажман во локалното владеење – Локални Активни Медиуми“ чија главна цел е да го подобри пристапот до јавната сфера на ранливите групи граѓани и локалните заедници во различни региони на земјава.
Во првата фаза од проектот Институтот РЕСИС разви концепт за посебен модел на онлајн медиум на заедницата во РСМ и ја подигна веб платформата ЛокалАктив (www.lokalaktiv.mk), преку заедничка акција на локалните граѓански организации од Источниот и Југоисточниот регион. ЛокалАктив, како медиум на заедницата е клучен елемент во притисокот за демократизација и владеење на правото бидејќи на локалните и запоставени теми кои се важни за локалните заедници им дава јавно значење. Една од главните цели на ЛокалАктив е да придонесе кон развојот на партиципативното и непрофитно новинарство насочено кон откривање на темите и прашањата што се запоставени од другите медиуми, како и да им овозможи на различни групи граѓани активно да влијаат врз јакнењето на локалната плуралистичка демократија.
Во следната фаза од проектот „Локални Активни Медиуми“ РЕСИС ќе работи на создавање на редакциска структура и на продукција на содржини за постојната платформа ЛокалАктив, како и на создавање нов онлајн медиум на локалните заедници и граѓаните од Вардарскиот регион. Проектот е поддржан од Националната фондација за демократија од САД (National Endowment for Democracy). Линк за приклучок на дебатата: https://us06web.zoom.us/j/89388934839?pwd=I672MZdJRaMYwYslpqSUTHs46X2iUA.1