Скопје, 25 декември 2024 – На 20-ти и 24-ти декември, во просториите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги се одржаа работилници за медиумска писменост, на кои учествуваа повеќе од 60-на ученици и неколку наставници.
На работилницата на 20 декември, пред учениците од скопските основни училишта „Кирил Пејчиновиќ“, „Кирил и Методиј“ и „Јан Амос Коменски“, зборуваа Марина Ѓорѓиевска од Бирото за развој на образованието и Емилија Петреска-Камењарова од АВМУ, кои го потенцираа значењето на медиумската писменост, колку таа е важна во денешниот свет на моќни медиуми, како и начините како да се заштитат од штетни содржини на виртуелните платформи. Оваа работилница беше организирана од Македонскиот институт за медиуми и претставува дел од Проектот на УСАИД за медиумска писменост “Младите размислуваат“.
На работилница за ученици од и ОУ „Гоце Делчев од Скопје, која се одржа 24 декември, Емилија Петреска-Камењарова од АВМУ презентираше и практични примери како младите да не станат мета на несовесни лица кои можат да ги злоупотребат нивните лични податоци, како да бидат безбедни онлајн и како да препознаат дали одредена содржина е вистинита или е создадена со помош на вештачката интелигенција.