На 19 ноември, во рамки на Деновите на медиумска писменост 2025, Институтот за комуникациски студии одржа работилница со пензионерите од Здружението на пензионери – Куманово посветена на дезинформации, странско мешање и манипулирање со информации (СММИ) и хибридни напади.
На настанот се зборуваше за тоа како „обичните“ дезинформации се разликуваат од координирани влијанија зад кои стојат странски актери со јасна политичка или стратешка цел, и како пензионерите можат да се заштитат.
Присутните имаа можност да слушнат и што се случува кога дезинформациите не се само грешки, туку дел од поширока стратегија за влијание врз јавното мислење.






