Скопје, 21 ноември 2025 – Во рамки на Деновите на медиумската писменост, во организација на Македонскиот институт за медиуми и Советот за етика во медиумите на Македонија денеска со почеток во 11:00 часот ќе се одржи панел дискусијата „Вештачката интелигенција во редакциите: предизвици за саморегулација и медиумската писменост.
Настанот е посветен на примената на вештачката интелигенција во редакциите, како и предизвиците за саморегулацијата и медиумската писменост што произлегуваат од нејзината употреба.
На крајот од настанот ќе биде одржана и отворена седница на Советот за етика во медиумите на Македонија.






