На 30 октомври, од 12.00 до 14:30 часот во просториите на АВМУ ќе се одржи тркалезна маса на тема „Зајакнување на новинарскиот интегритет и отчетност: постизборнo медиумскo дејствување и важноста на академиите за обука на медиумски работници“.
Дискусијата е поделена во два панели, на едниот ќе се дискутира за почитување на интегритетот во новинарството: обезбедување отчетност во следењето на успешноста на владата, додека на вториот за Академијата за обука на Здружението на новинарите на Македонија како движечка сила во надградбата на капацитетите на медиумските работници, обезбедување интегритет и отчетност.
Настанот е во организација на Здружението на новинари на Македонија и ИФЕС.