На 30 октомври со почеток во 10:00 часот во хотелот Лимак ќе се одржи Национална конференција за медиумска писменост во образованието. Конференцијата е во организација на Македонскиот институт за медиуми и ИРЕКС во рамки на проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“.
На настанот од страна на Бирото за развој на образованието, Државниот испитен центар, АВМУ и МИМ ќе бидат презентирани досегашните активности поврзани со вклучување на медиумската писменост во образованието.